Богата понуда во Градското кино Милениум. Термините за прикажување во кино Милениум се во 13:00, 15:00, 17:30, 20:00 и 22:30 часот (во саботите и неделите и терминот од 11:00 часот).
Премиерно во кино „Милениум“ ќе се прикажуваат два наслова во дигитална 3-Д технологија:
На денот на премиерата на првата филмска дигитална 3-Д проекција во Македонија, сабота, 04.02.2012. се прикажа филмот „Пина“ со проекции од 20:00 и 22:30 часот.
Филмот „Пина“ (3-Д) на Вим Вендерс од недела се прикажува во 22:30 часот.
Филмот „Најмрачниот час“ (3-Д) од недела се прикажува во 20:00 часот.
Филмот „Девојката со тетоважа змеј”, ќе се прикажува во термините од 17:30 часот.
„Мапетите“ од понеделник до петок ќе играат во терминот од 13:00 часот, а во саботите и неделите од 11:00; 13:00 и 15:00 часот.
Од понеделник до петок во терминот од 15:00 часот ќе се прикажува филмот „Пустинско цвеќе“.