После изложбата во Скопје во галеријата „Остен“, каде прво беа изложени еротските карикатури на Мирослав Георгиевски-Миро, виничани се вторите кои ја имаа честа да се насладат со истите. Четврта самостојна изложба на Миро, прва во Виница, за виничката публика познат како активен член на жирито и дел од организациониот состав на фестивалот „Ин Виница Веритас“.
Овој по професија машински инженер, карикатурата , стрипот и дизајнот му се секогаш повеќе од хоби. Долгогодишен е уредник за карикатури во списанието „Остен“, а неколку години цртал и стрип за весникот “Нова Македонија“. Неговите карикатури денес излегуваат во дневниот весник „Дневник“.
Добитник е на четириесетина награди за карикатури од различни континенти, зад себе веќе има издадено и една книга со карикатури на тема “стари народни песни“ , а во Кина 2008 година е ставен помеѓу стоте најдобри живи карикатуристи.