Во МНТ почнува „Скупи фестивал“

Од денеска (понеделник, 12 ноември) до 18 ноември 2012 година, во Македонскиот народен театар ќе се одржува традиционалниот „Скупи фестивал“.

Годинава на фестивалот ќе настапат: Националниот театар на Косово, АКТ Театар од Букурешт (Романија), Независна продукција од Тел Авив (Израел), „Билис Театар“ од Фиер (Албанија), Драмски и куклен театар „Иван Радоев“ од Плевен (Бугарија), „Милитеатар“ од Хелсинки (Финска), „Л’ескариер“ од Париз (Франција). Претставите ќе се играат од 20 часот на сцената на МНТ.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

You May Also Like