По фантастичниот интернационален успех со романот „Засолниште во времето“, по многуте гостувања и промоции ширум Европа, Георги Господинов, на радост на бројните читатели.
Промоцијата ќе се одржи на 1 декември во кино Фросина (МКЦ) од 21 часот.
Модератор: Дарин Ангеловски Промоторки: Оливера Ќорвезироска и Калина Малеска
По промоцијата музички сет со Соња Исмаил.
Објавувањето на книгата како и гостувањето на авторот е кофинансирано од Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.
„Моќен и брилијантен роман: јасен, претчувствителен, енигматичен. Роман во кој иднината попушта како скапана греда, а минатото надоаѓа како поплава“.
Сандро Веронези, автор на „Колибри“ и „Тивок хаос“, двоен добитник на Premio Strega
„Бугарскиот романсиер напишал екстравагантен роман, сочинет од варијации на темите на минатото, сеќавањето и заборавот. Маестрално“.
Ле Фигаро
„Непрекинато произведуваме минато. Ние сме фабрики за минато. Живи машини за минато, што друго. Јадеме и произведуваме минато. Дури и смртта не е решение. Човекот си отишол, а минатото му останало.Каде оди после сето тоа лично минато? Го купува ли некој, го собира ли, го исфрла ли? Или ќе се тркала како стар весник, потфрлан од ветрот по улицата. Каде одат сите оние започнати и недовршени приказни што уште крвават, сите оставени љубовници, „оставени“ – зборот не е случаен, касапски збор.
Дали минатото се разградува или останува практично непроменливо како најлонските ќеси, труејќи бавно и длабоко сѐ наоколу. Не треба ли да има некаде и фабрики за рециклирање на минатото? Може ли воопшто да се направи нешто друго од минатото, освен минато? Може
ли на обратен начин да се рециклира во некаква иднина, макар и вторична употреба? Ете ти прашања.“
(извадок од романот)
ЗАСОЛНИШТЕ ВО ВРЕМЕТО, Георги Господинов
Превод од бугарски: Душко Крстевски
Лектура: Виолета Караџовска Стојанова
Дизајн на корица: Марија Смилевска.