Верица Ковачевска ќе учествува во меѓународната изложба „Перформативна Архива“ која се отвара вечерва и трае до 15ти јануари 2012- та година во центарот за уметност „Монтехермосо“ во Виториа, Шпанија.
Изложбата претставува архива од двесте дела од областа на перформанс уметноста. Во неа учествуват еминентни женски автори од Америка, Европа и Медитеранот, како Јоко Оно, Вали Експорт, Орлан, Џоан Џонас, Мона Хатум, Ана Мендета и други.
Верица Ковачевска ќе се претстави со видео перформансот „Морам да бидам“ кој е снимен во 2003та година во Англија. Перформансот ги одсликува на хумористичен и обсесивен начин безначајните ритуали во секојдневието на жената.
По премиерата во Виториа, „Перформативна Архива“ ќе биде претставена и во шест други Европски градови помеѓу 2012 и 2013та година,