Прв број на „Хаемус“- електронско списание за историја и археологија

Излезе првиот број на „Хаемус“, ново академско електронско списание посветено на историјата и археологијата на Балканскиот полуостров, кое планира да опфаќа широк спектар на поврзани интердисциплинарни проучувања.

Целта на списанието е базирано врз принципот на отворените образовни ресурси и лиценците на Криејтив Комонс, е да се соберат и на едно место да бидат објавени најновите достигнувања во областа на балканската историја и археологија, како во однос на методологијата, така и од аспект на содржината. Содржината на списанието се темели на чисто академски истражувања, а зад издавањето на оваа публикација стои редакција составена од истражувачи од најпрестижните институции во светот (проверете тука и тука).

HAEMUS journal Vol.1 (2012)

Списанието Хаемус е публикација на „ХАЕМУС“ – Центарот за научно истражување и промоција на културата, со седиште во Скопје. Издавачите се надеваат дека квалитетот на статиите, како и сериозниот и темелен пристап на соработниците, ќе предизвика интерес во академската заедница која се занимава со историографија, со што ќе помогне да се воспостави долготрајна и ефикасна научна соработка.

Списанието може да се превземе преку директен линк на официјалната веб страна.

 

You May Also Like