Промоција на книгата „Поштенска историја на територијата од Република Македонија“

На 4 декември 2018, вторник, со почеток во 12.00 часот, во Порта Македонија ќе се одржи промоција на книгата „Поштенска историја на територијата на Република Македонија од 1843 до 2010 (поштенски жигови)“ од д-р Бранислав Светозаревиќ.

Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Виолета Ачкоска.

Д-р Бранислав Светозаревиќ (роден 1966) е истакнат автор на околу 30 научни трудови од областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата, како и автор на повеќе од 23 фотографски, филателистички и картофилски изложби на теми од историјата, културата и спортот.

You May Also Like