Промоцијата на книгата „Кинески мозаик” од Виктор Урумов, ќе се одржи на 5 декември (четврток), со почеток во 12 часот, во книжарницата „Литература.мк” на улицата „Македонија”. Станува збор за првата илустрирана енциклопедија за Кина на македонски јазик, во издание на „Арс Ламина – публикации”.
„Кинески мозаик” е мала книга за голема земја, за нејзиното минато и за тоа што е денес Кина, за најголемиот вкупен придонес во светското културно наследство, за Би Шенг и Матео Ричи, за Опиумските војни и Боксерското востание, за леишу енциклопедиите и нобеловката Ту, за династиите Танг и Минг, за сликарството и поезијата, за го и цуџу, за најголемиот радиотелескоп и најголемата мрежа од брзи возови, за нешта што не сме ги учеле на училиште.
Промотор на книгата ќе биде академик Витомир Митевски.