Изложбата „Црн петел, црвена кокошка“ во Загреб

Изложба „Црн петел, црвена кокошка: култови на плодноста, обреди, обичаи и верувања” со која Музејот на Македонија гостува во Етнографскиот музеј во Загреб, Хрватска.

Викендов во Етнографскиот музеј во Загреб, Хрватска, свечено беше отворена изложбата „Црвен петел, црна кокошка: култови на плодноста, обреди, обичаи и верувања“, која ја подготви Музеј на Македонија во соработка со Археолошкиот музеј на Македонија.

Отворањето на изложбата предизвика голем интерес на публиката во Загреб.

Пред присутните се обратија Горанка Хорјан, директорката на Етнографскиот музеј на Хрватска и Гордан Николов, директор на Музејот на Македонија, како и авторот на изложбата Јован Шурбановски.

Отворањето го збогати и настапот на женскиот вокален етно состав “Езерки”.

Автор на фотографии: Матеј Гргиќ

You May Also Like