Излезе од печат „Историјата и нејзините лажговци“ од Стефан Влахов Мицов

„Матица македонска“ ја објави книгата „Историјата и нејзините лажговци“ од проф. д-р Стефан Влахов Мицов, за која соопшти дека е „шокантна алтернатива на историјата на цивилизациите од антиката до средниот век, како и за двовековното владеење на светската влада во сенка“.

– Авторот посебно пишува и за скриените цели и реални разлики на двете светски војни.  Научното истражување на Мицов е доказ дека вистинската историја е пожестока и поопасна од секоја фантастика, соопшти издавачот на книгата.

Стефан Влахов Мицов (Габрово, 1956) е автор на богат научно-истражувачки, книжевен и публицистички опус, а неговата книга „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“ предизвика голем интерес кај читателите и во научните кругови во балканските земји.

 

You May Also Like