Почина Јован Ристов, основачот на Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија…
Денеска (6 декември 2018) во Скопје ненадејно почина Јован Ристов, основачот и прв директор на Управата за заштита на културното наследство.
Ристов беше истакнат правник што се бореше за заштита на културното наследство. Ристов беше основач и прв директор на Управата за заштита на културното наследство, а во текот на кариерата работеше и во Националниот конзерваторски центар на Македонија, како и еден од најистакнатите членови на Македонскиот национален комитет на Синиот штит.
Беше и автор на повеќе книги за споменичното право и за заштитата на културното наследство во Македонија.
Почина на 69 годишна возраст, а неговите посмртни останки ќе бидат изложени утре (петок, 7 декември) од 13 до 14 часот во капелата на Градските гробишта Бутел.