Советување „18 Мај – Меѓународен ден на музеите“ 2022 и награди за 2021 година

Здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ), во рамките на своите активности од 1994 година навака, а по повод одбележување на 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите, организира годишни Советувања кои во согласност со предложените теми на Меѓународниот комитет на музеите – ИКОМ.

Согласно ваквата востановена пракса на МНК ИКОМ, оваа година Советувањето е на тема „Моќта на музеите“, и ќе се одржи во НУ Музеј на Македонија, на 18 мај 2022 година (среда), со почеток во 11 часот.

Советувањето е поддржано од Министерството за култура, во рамките Годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2022 година.

На Советувањето на тема „Моќта на музеите“, кое е во организација на МНК ИКОМ, се очекува присуство на голем број музејски профефионалци од земјава, а по четиринаесетти пат ќе биде доделена и традиционалната награда „18 Мај – Меѓународен ден на музеите“ за особени достигнувања во музејската дејност за 2021 година.

Доделувањето на наградите е поттик за музеите и за музејските работници за понатамошната работа и ангажирање, со цел постигнување на највисоките стандарди на квалитет во музејската дејност.

Добитници на наградите „18 Мај – Меѓународен ден на музеите“ за особени достигнувања во музејската дејност за 2021 година се следните:

– Награда во категоријата Музеј на годината – ЈУ Музеј на град Скопје
– Награда во категоријата Музејски проект на годината – НУ Национална галерија на Македонија, за проектот „Димче Коцо – Јубилеј 110 години од раѓање“
– Награда во категоријата Музејски работник на годината на Јасминка Намичева, кустос советник од ЈУ Музеј на град Скопје
– Награда во категоријата Надворешен музејски соработник на УМНО.мк
– Награда во категоријата Надворешен музејски соработник на Бојана Јанева за проектот „Најново нормално“

 

 

Добитници на пофалници се следните:
– Пофалница во категоријата Музеј на годината – НУ Музеј на современата уметност – Скопје
– Пофалница во категоријата Музејски проект на годината – Музејот на Народната банка за проектот „Видеобелешки на Музејот на Народната банка“
– Пофалница во категоријата Музејски проект на годината – Славица Крстиќ за проектот „Цркви и манастири во Жеглигово“

Воедно, ќе биде отворена изложбата под наслов „Гозби за живите, претците, боговите и светците“, организирана од страна на НУ Музеј на Македонија, како и одбележување на “Јубилеј 20 години Македонски национален комитет на Синиот штит”.

You May Also Like