Скулптури на Дега и Пикасо со рекорди на аукција во Њујорк

Скулптура на Едгар Дега беше продадена за 41,6 милиони долари на наддавање во „Кристи’с“ во Њујорк вчера, што е највисока цена платена за дело на овој француски уметник, а и „бронза“ на Пабло Пикасо, исто така, собори еден свој рекорд.

Уметниичкото дело на Дега – „Четиринаесетгодишна танчерка“ (Petite danseuse de quatorze ans) прикажува млада балерина во муслиново здолниште и со лента во косата. Ова не е оригиналот изложен во Националната уметничка галерија во Вашингтон, туку реплика на Адријен-Орлиен Хебрар 10 години по смртта на импресионистот во 1917 година.

Сепак, тоа не беше пречка за нов рекорд за дело на Дега.

Кристи објави и дека „Главата на жена“ (Tetѐ de femme (Fernand)) од Пикасо сега е најскапата бронзена скулптура на уметникот што кога било била продадена на наддавање – за 48,48 милиони долари.

Шпанецот го држеше рекордот за најскапо продадено уметничко дело во 20. век до понеделникот, кога култниот „сино-зелен“ портрет на Мерлин Монро од американскиот поп-уметник Енди Ворхол достигна цена 195 милиони долари.

You May Also Like