„Кој е Силјан Штркот и дали сме Македонците негови потомци“ анализа на Илија Чашуле

На тема „Кој е Силјан Штркот и дали сме Македонците негови потомци“ вчера (среда, 1 февруари 2012 година) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје свое предавање одржа проф. д-р Илија Чашуле.

Според истражувањата на професорот Чашуле, македонското име „Силјан“ денеска во јазикот повеќе е познато како презиме. Врз основа на анализите спроведени од пописот во 1961 година, Институтот за македонски јазик го издава „Речникот на презимиња“ објавен во два тома во кој биле внесени сите презимиња потпишани во тој период во Македонија. Во речникот многу прецизно е напишан градот и фамилијата каја го носело презимето „Силјан“.

Според објавениот материјал (во 1961 година) вкупно 45 личности го носеле презимето Силјанова/ Силјанов, 575 лица Силјановска/ Силјановски и 922 лица биле Силјаноски/Силјаноски. Вкупно во Макеоднија во периодот имало 1542 лица со презимето Силјановски. Бројката е важна затоа што презимето „Силјановски“ не се споменувало ниту во западно – словенските ниту во источно-словенските јазици бидејќи било комплицирано.

Презимето „Силјановски“ во делот на Западна Македонија најмногу било застапено во Охрид – 225 лица, Битола – 122, во Прилеп и Крушево запишани биле 167 лица, Кичево – 141, Тетово – 85 , Гостивар и Дебар – 102 лица, Скопје- 84 и Брод- 123 лица. Во источниот дел се појавува во Зубовце (Кумановско) со 15 лица кои се презивале Силјановска/ Силјановски, во Кавадарци- 27 лица и во Радовиш – 8 лица. Оваа дистрибуција на презимиња се поклопувала токму со територијата на Бригите.

Во Бугарија презимето главно го носеле преселници од Македонија. Додека во Русија презиме го носеле само неколку познати луѓе. Според речникот на имиња објавен во Русија, името „Силјан“ потекнува од Бугарија што значело дека на територијата на Русија живеат преселници од Македонија. Од тука произлегува и совпаѓањето дека територијата на Бригите во периодот пред 4000 години била во делот на Охрид, Прилет, Битола. Сето ова води кон тоа дека Силјан е „силенос“ и „јан“.

На словенската почва од секогаш постоеле етимолошки анализи кои се обидувале да го изградат името „Силјан“ како синоним на сила или моќ. Но според професорот Чашуле поимот сила, нема јасна етимологија.

Фрагискиот сатир „силенос“ бил очув на Диониз (тракиско божество) кој еднаш бил одвоен кога патувале низ Фригија, но фрагискиот крал Мида топло го прифатил. Како награда Мида го благословил Диониз со златен допир. Македонското име „Силјан“ води директно потекло од името на ова божество и означувало „воден човек“ т.е. „блескав (како) вода човек“ што потсетува на Цепенковата славна историска приказна.

Суштината на коренот „сил“ е тоа што означува „блеска“. Среброто или англискиот “silver” се поврзувал со „бело“ или „блескава вода“. Силјан е типично патријархално олицетворение.

„Силјан Штркот“ е најдолгата, најпознатата и уникатна македонска приказна, колекција на македонскиот фолклорист Марко Цепенков, од близината на Прилеп, централниот дел на Макеоднија, поточно на територијата на Македонските Бриги. Херодотус велел дека Бригите реално живеат во Македонија и кога тие се преселиле во Мала Азија, Грците ги нарекле Фриги.

Бригите живееле на територијата помеѓу Гермаците, Балтите и Словените поради што не се исклучувале уште од тогаш симболиките на штркот. Не е ни чудо што тие симболики постојат околу 5000 години.

Според професорот Чашуле, Старите Грци во народната етимологија на постојано селење, своите соседи – Пелазги ги нарекувале луѓе- штркови. Пелазгите биле од истото јадро од кои подоцна доаѓаат Бригите, нивното поврзување со штрковите е старо околу 3000 – 4000 години. Второто етимолошко значење за штрковите е митот дека штрковите (како родители) кога се стари одат на остров, се претвораат во луѓе и живеат вечно. Ова значење се пронаоѓа кај Елијан кој приказната ја има од Александар од Карија, Мала Азија, со што елементот “одење на остров” упатува на бригиско, а не грчко значење.

Борбата помеѓу штрковите било превземено, а не измислено од Цепенков. Тој успеал легендите раскажувани уште од настаро време многу вешто да ги склопи и пренесе на оргинален начин.

За битките од историјата на природата од Хомер, Елијан додава дека причината е гордоста на Герана, кралица на Пигмеи која тврдела дека е најубава божица, подоцна била претвориле во штрк. Оргиналната референца е Елијан кој го наведува Александар од Мундос, изгубениот писател како негов извор.

Имињата во приказната се со длабока симболика. Божин, таткото на Силјан се претпоставувало дека бил син на Зевс и доаѓал од бог, што наведувало дека Божин е син на небото и земјата. Името на мајката на Силјан, Неда потекнувала од „нимфа“ или „водена нимфа“, додека синот Велко бил словенскиот бог- Велес.

Во старо балканските традиции постоел „геронеа“- танц на жена или штрковите. Сличности постоеле и кај „Тешкото“ и штрковите кои можат да стојат на една нога. Танцувањето имало одреден ритуал.

Се претпоставува дека селото „Мало Коњари“, Цепенков во приказната е земено поради фактот дека во тој регион има повеќе штркови отколку луѓе, факт од кој Цепенков би не убедил дека приказната е вистинита.

Коренот на зборот „кобила“ е истиот како и латинскиот „кабалус“ кои во основа се сметал за малоазиски, а не индоевропски. Зборот „кобилица“ доаѓал од зборот „кобила“. Овој корен се зема и за зборот „коњ“, со ритуално значење на индоевропските народи и нивнотот припитомувањето кое придонесува за квантитативниот скок на нивниот развиток.

Силјан е длабока историја, традиција и симболика со коренито значење. Според согледувањата на професорот Чашуле од истражувањето, сите сознанија укажувале дека бригиското наследство во Македонија е многу поголемо од она што може да се замисли.

 

 

Кристина Велјаноска

You May Also Like