Изложба на ромска носија во Куманово

По повод 8-ми април (вторник) Светскиот ден на Ромите,во Уметничка галерија во Куманово во 12:00 часот ќе биде отворена изложба со наслов „Ромската носија низ децении“.

За Ромите овој ден е посебно значаен затоа Што од 8-ми до 12-ти април 1971 год. во Лондон интелектуалци Роми од целиот свет го организираат првиот Конгрес . На истиот се донесени 8 резолуции меЃу кои позначајни се: одлука за ромско знаме, химна и името Роми да биде официјално за сите Роми во светот.

На изложбата амбиентално ќе бидат поставени ромски носии, (секојдневни, свадбени и свечени) делови од секојдневна облека и украсни елементи кои се носеле некогаШ и денес .

Покровител на изложбата и пропагандниот материал (каталог,, покани и постери) е Градоначалникот и совет на Општина Куманово. Организација и реализација на истата припаѓа на Здружение Национален Ромски Центар – Куманово и Национална Установа Музеј – Куманово.

You May Also Like