Истражувања на неолитската населба Велушка тумба кај село Породин

Со поддршка на Министерството за култура, продолжуваат археолошките истражувања на неолитската населба Велушка тумба, с.Породин, Битола …

Во текот на досегашните истражувања на овој значаен археолошки локалитет од страна на стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Битола откриени се значајни наоди кои ги збогатија научните сознанија од областа на станбената архитектура, економијата и духовниот живот на жителите од оваа неолитска населба. Пронајден е богат движен материјал како керамички садови, фрагментирани култни предмети со пластично моделирани антропоморфни и зооморфни претстави и жртвеници.

Според квалитетот на пронајдениот материјал овој археолошки локалитет претставува најзначајна Пелагониска неолитска населба.
Со досегашните археолошки истражувања на праисторијата во Битола и Битолско, регистрирани се и евидентирани над 150 локалитети со фонд од неколку илјади предмети.

Заради значајните вредности кои ги поседува, неолитот во Пелагонија е дефиниран и како посебна Велушко-породинска културна група на раниот неолит во рамките на Балканско-анадолскиот културен комплекс.

velushka tumba porodin 3

You May Also Like