Врховен суд на Индија нареди: Да се реновира или да се урне Таџ Махал

Врховниот суд на Индија и нареди на индиската држава Утар Прадеш да го затвори и да го урне или обнови мавзолејот на Таџ Махал, објави „Економист“.

Во одлуката се наведува дека овој восхитувачки мавзолеј од мермер во градот Агра, на северот од Индија, се бори со современите непријатели: токсичен воздух и нечиста вода.

Екстериерот на мавзолејот од 17-тиот век, кој беше изграден по наредба на Шах Џахан за неговата сакана сопруга Арџуманд Бано Негум, попозната како Мумтаз Махал, некогаш беше со чисто бела.

Сега, тоа е сменето – ѕидовите на Таџ Махал се делумно, ако не и целосно, во различни нијанси на жолта, кафено- црна и зелена боја.

Првите знаци дека нешто не е во ред се појавија во 1938 година, кога индиската влада формираше комитет за решавање на проблемот со постепено темнење на споменикот.

Според Светската здравствена организација, Агра е на осмото место на листата најзагадени градови во светот.

You May Also Like