На денешен ден, 23 јули 1942 убиен е македонскиот преродбеник и револуционер, Никола Јонков Вапцаров.
Во Софија, бугарските фашисти ги стрелале Никола Јонков Вапцаров, македонски поет, есеист, новинар и револуционер.
Еден е од основоположниците на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938-1941). Во 1940 година ја издал својата единствена стихозбирка „Моторни песни“.
Роден бил во Банско, на 7 декември 1909 година.
Истиот ден биле стрелани и Антон Попов, револуционер, писател и публицист, и Атанас Романов, македонски патриот.