Улични свирачи, на француски начин

Не знаеме дали ќе допре до Вас читателите песнава на ист начин како што не погоди нас, но дефинитивно е нешто што треба да се чуе.

Доказ за тоа дека и уличните артисти знаат да бидат генијални и дека е навистина добар начин за јавно претставување. Песната е и со превод на српски јазик, па ќе ви овозможи покрај музичкото уживање барем делумно да го разберете и текстот.

Инаку се работи за артистката Zaz (Изабел Жефри) која изминатите две години бележи успеси на француската музичка сцена, а остана позната по своите настапи под отворено небо.

Уживајте!



You May Also Like