Американскиот рапер Мек Милер (Малком Џејмс Мекормик), пронајден е мртов во неговиот дом во Калифорнија.
Безживотното телото на 26-годишниот Мек Милер е пронајдено вчера вечер, а според првичните информации во медиумите како причина за смртта се наведува предозирање со наркотици.
Милер подолг период имаше проблеми со зависноста, а во мај годинава ја прекина врската со пејачката Аријана Гранде по што состојбата уште повеќе му се влоши.
Мек Милер во интервју за американските медиуми неодамна наведе мрази да биде трезен.