IN MEMORIAM: Почина Барт Рејнолдс

Познатиот американски актер Барт Рејнолдс почина вчера (6 септември) на 82 годишна возраст.

Ѕвездата на серијалот „Gunsmoke“, „Smokey and the Bandit“ и „Boogie Nights“ почина во болница во Флорида.

Познат како еден од опасните момци на американската филмска сцена, Рејнолдс ја започна кариерата на филмското платно во култниот филм „Deliverance”.

Го глумеше и полицискиот детектив Ден Огуст во истоимената серија, а во 1997 година беше номиниран за Оскар за најдобра споредна улога во „Boogie Nights“.

You May Also Like