Одново тензии на Западниот Балкан

(БТА – Софија) „Денот по утрото се познава“. Ништо толку добро не ја негираше оваа позната мудрост како изминатава 2018 година на Западниот Балкан.

Годината започна оптимистички со бугарското претседавање со Советот на ЕУ, чиј приоритет под мотото „Единството ја создава силата“ беше Западниот Балкан, но таа заврши со тензии што потсетуваа на 90-тите години на минатиот век.

Главните проблеми во регионот останаа нерешени. Нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово е подалеку од кога и да било досега. Националистичкиот лидер на босанските Срби Милорад Додиќ стана член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина изјавувајќи дека „е Србин на времена работа во Сараево“, а БиХ остана нефункционална држава и продолжи „да извезува“ џихадисти.

Албанците на Балканот се во подем и подготвуваат, како што пишува приштинскиот „Газета Експрес“, „заедничка стратегија за обединување на Албанците до 2025 година“. Дури и големиот успех на годината, потпишувањето на Преспанскиот договор меѓу Република Македонија и Грција за решавање на спорот за името е помрачен од фактот што секоја од земјите различно толкува што точно е договорено.

Конфликтот што тлее меѓу Србија и Косово се разгоре со нова сила по одлуката на Приштина за зголемување на сто проценти на царините за увоз на сите производи од Србија и од БиХ, како одговор на кампањата што се води против Косово.

Косовските лидери се закануваат и со нови, уште построги мерки, а во меѓувреме проектот за формирање на Армијата на Косово беше реализиран откако на 14 декември беше усвоен последниот пакет закони за формирање на косовските Вооружени сили и покрај предупредувањата на ЕУ и НАТО дека сега не е време за тоа.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека формирањето на Армијата на Косово и одбивањето на Приштина да ги укине царините на стоките од Србија ќе имаат катастрофални последици, доколку Приштина не се вразуми во најкус можен рок, а српската премиерка Ана Брнабиќ призна дека една од варијантите на Србија е да ја искористи својата Армија, бидејќи нема да дозволи ново етничко чистење. Таа напомена дека државата инвестира во зајакнување на одбранбените капацитети и продолжува да се вооружува со руско и најсовремено кинеско оружје.

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџа за загребскиот „Вечерњи лист“ изјави дека во неколку наврати за време на неговите престои во Хрватска, Македонија и Црна Гора разговарал со лидерите на овие држави за „основање на пакт што би се спротивставил на Србија и нејзината агресивна политика“. Според него, тоа е неопходно бидејќи „Србија ја продолжува агресивната кампања против Косово и освен Косово сака да го дестабилизира и целиот регион“.

Додека Србија и Косово меѓусебно се обвинуваат за обиди за дестабилизација на регионот, нивните претседателите Александар Вучиќ и Хашим Тачи постигнаа согласност за опасната идеја за прекројување на меѓусебната граница, што категорично ја отфрли косовскиот премиер Рамуш Харадини. Согласноста меѓу двајцата претседатели, меѓутоа не помогна во дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој беше прекинат по воведувањето на стопроцентните царини од страна на Приштина.

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин повеќепати посочи дека Албанците продолжуваат со реализација на својот проект за формирање на Голема Албанија. Албанците го отфрлаат тоа, но вода на воденицата на Вулин ја носи она што се случи кон крајот на ноември на заедничката седница на владите на Косово и Албанија во косовскиот град Пеќ, на која, според приштинскиот „Газета Експрес“, алабанскиот премиер Еди Рама ја претставил идеата за „национален проект за обединување на Албанија и Косово“.

Весникот наведува дека Рама го повикал косовскиот премиер Рамуш Харадинај да започнат со изработка на „заедничка стратегија за обединување на Албанците до 2025 година“. Според него, на подготовката на тој проект ќе работат министерствата за надворешни работи на двете земји.

Приштинскиот весник „Коха“, од својата страна, пишува дека на седницата бил прифатен предлогот на косовскиот министер за надворешни работи за изработка на студија за „албанската нација во следните 50 години“. Според Пацоли, тоа ќе биде документ кој ќе послужи како „платформа за развој и зајакнување на албанската нација на Балканот“. – Се соочуваме со многу предизвици. Албанците треба да имаат заедничка иднина, изјавил Пацоли по седницата во Пеќ.

Ваквите изјави предизвикуваат вознемиреност и во Македонија каде Албанците претставуваат околу една четвртина од населението и станаа решавачки фактор во Владата на земјата, бидејќи од нив зависи парламентарното мнозинство.

Ваквите изјави предизвикуваат вознемиреност и во Македонија каде Албанците претставуваат околу една четвртина од населението и станаа решавачки фактор во Владата на земјата, бидејќи од нив зависи парламентарното мнозинство.

Во тек е постапката за усвојување на четири амандмани на Уставот на Република Македонија, согласно Преспанскоит договор со Грција, од кој едниот е за промена на името во Република Северна Македонија. Претседателот на партијата Беса, Билал Хасани го повика македонскиот премиер Зоран Заев да одговори на барањата на албанските партии за дополнителни промени во Уставот, кои би се однесувале на употебата на албанскиот јазик и на позицијата на албанскиот народ во земјата. Според Хасани, ако тие прашања не се решат, одново ќе бидат актуелизирани на следните избори.

Во меѓу време, поранешниот македонски премиер Никола Груевски, осуден на две години затвор за набавката на луксузниот „Мерцедес“ во делото „Тенк“, побегна во Унгарија, неколку дена пред да замине во затвор. Бегството без преседан предизвика сомнежи дека тоа се случило во соработка со властите.

Противречните изјави на премиерот Зоран Заев, пак, повремено предизвикуваа забуни и ги затегнуваа односите со Грција и Бугарија. Уште еднаш стана јасно дека секој ги чита и разбира потпишаните договори на свој начин.

А состојбата на почетокот на годината беше сосема поинаква, за што голема заслуга има и Бугарија. Бугарското претседавање со Советот на ЕУ даде нов импулс на процесот на интеграција на Западниот Балкан во Унијата и тоа беше оценето како најголем успех и во балканските главни градови и во Брисел. По години застој околу овие понекогаш заборавени држави од Европа, Бугарија успеа да ги убеди европските партнери дека не може да има мир и просперитет на континентот, додека не се обедини цела Европа.

На Самитот во Софија на 17 мај, Бугарија им помогна на Скопје и Атина да најдат решение за деценискиот спор за името. По ова, Бугарија издејствува Советот на ЕУ да донесе одлука за започнување преговори за членство на Македонија и Албанија во Унијата, иако не беа одредени конкретни датуми за тоа.

Приоритет на бугарското претседавање беше и поврзувањето на регионот. Беше издејствувано обезбедување на дополнителни средства за поврзување – за 11 транспортни проекти, за дигиталната програма на Балканот, за енергетско поврзуање и за младите преку програмата Еразмо Плус. Беа лансирани и важни инфраструктурни проекти за кои беше ветено европско финансирање.

Европската комисија усвои нова стратегија за проширување со јасни рокови за секоја земја. Сепак, на средбата во Софија францускиот претседател Емануел Макрон ги полеа со студен туш земјите од регионот со изјавата дека ЕУ избрзала со проширувањето по последната Средба на врвот за Западниот Балкан што се одржа во 2003 година и последните 15 години покажале дека тоа ја ослабнало Европа. Според него, Европа треба да се реформира пред да почне да мисли за нови членки.

И додека Европа се реформира, не смее да се дозволи Западниот Балкан да ја загуби европската перспектива. Земјите од регионот не смеат да бидат залажувани со празни ветувања, туку да добијат поддршка за конкретни проекти и за нов импулс за регионална соработка. Изборите за Европскиот Парламент во мај, кои ќе бидат решавачки за иднината на ЕУ, одново ќе го вратат Балканот на политичкиот крстопат. Се надеваме дека ќе го изберат вистинскиот пат.

You May Also Like