Макартни со концерт на њујоршката метро станица „Гренд сентрал“

Патниците кои синоќа беа на њујоршката метро станица „Гренд сентрал“ на Менхетен имаа можност во живо да го слушаат концертот на еден од основачите на легендарните „Битлси“, Пол Макартни.

Концертот можеше да се следи и преку интернет, а патниците на станицата можеа да го слушаат Макартни како во живо ги изведува песните, но без да го видат. Легендарниот музичар настапуваше позади голема црна завеса, а само избрани гости можеа да присуствуваат во одвоениот дел.

Меѓу гостите кои можеа да се видат на овој невообичаен концерт на Макартни имаше многу познати личности как0 Џон Бон Џови, Мерил Стрип, Кејт Мос, Шон Ленон и други.

На станицата „Гренд сентрал“ 76-годишниот Макартни изведе 24 песни снимени во текот на неговата 50-годишна кариера.

You May Also Like