Интересни факти кои не сте ги знаеле за канибализмот.
Знаете ли дека…
– Човечките скелети откриени во археолошкото наоѓалиште во Крапинската Пештера во Хрватска, каде што е откриен Крапинскиот човек (Neandertal Cranium) наведуваат на канибализам. Зошто? Черепите на повеќето од остатоците, се скршени (т.н. со други зборови засечени во должина) за да мозокот би бил изваден и конзумиран.
– Во историјата, многупати едната култура ја обвинувала другата, за канибализам, и во пишаните материјали кои ги оставала зад себе ги опишувала другите со најпогрдните можни особености, кои барем досега, како такви не можеле да се потврдат. Еве некои од нив: Херодот зборува за номадското племе Андрофаги, за кое го вели дека било составено од човекојадци. Кај дел од католиците, уште од Средниот Век (а некои и ден денес) се верувало дека Евреите им ги крадат децата, дека ги користат за сатанистички ритуали и дека ги јадат. Во шеснаесеттиот век, некој германски морнар, пишувал за „ловците на глави“, претставници на Бразилското индијанско племе Тупинамаба. Оваа негова реторика, подоцна се повторува во стотици други случаи на морнари, кои помалку или повеќе, го прераскажувале истото, но со свои зборови. Американските Индијанци, посебно племињата Ирокези од околината на тогашен Њу Јорк биле „обележани“ како канибалисти, од страна на прво дојдените бели мисионери, кои ги сметале за крволочни, безумни дивјаци.
– Во единаесеттото издание на Енциклопедија Британика, Мохавите, како дел од племињата Ирокези, како дообјаснување на нивното име, сe претставени како „човекојадци“ (man _ eaters). Досега, не постојат никакви физички докази дека Американските Индијанци биле канибалисти. Во периодот при населувањето на Австралија и Нов Зеланд, европејците ги сметале Абориџините за човекојадци, што подоцна се утврдило за неточно.
– Меѓусебното обвинување за канибализам дало причини за сомнеж за евентуалната масовност на оваа појава. Во подалечното минато, Кинезите ги сметале Корејците за човекојадци. Интересно е што и Корејците го имале истото гледиште за Кинезите. Ацтеките ги обвинувале Шпанските освојувачи за канибализам. Конквистадорите т.е. шпанските освојувачи, се денешниот основен доказ за ацтечкиот канибализам. Кога истражувачите отишле кај домородечкото население во Танзанија, тоа се „пожалило“ на Европејците кои според нив биле човекојадци.