Имотот „Планина“ над Беверли Хилс понудена на продажба за 1 милијарда долари

Имот наречен Планината, на височинка над Беверли Хилс во Лос Анџелес, е понуден на продажба за една милијарда долари, највисока цена постигната за еден имот во историјата на овој град.

Се работи за едно од ретките големи парчиња земја во околината на градот кои не се комерцијално искористени.

Просторот од 635.000 квадратни метри е поделен на 17 парцели, од кои може да се издвојат шест за луксузни вили кои лесно би достигнале цени над 100 милиони долари, особено имајќи го предвид погледот кој се простира преку целиот Лос Анџелес и островот Каталина.

Имотот бил во сопстевеност на персиската принцеза Шамс Пахлави, која планирала да изгради палата, а подоцна го купил продуцентот Мерв Грифин, кој предвидел палата со базени и хелипад, но поради финансиските проблеми морал да го продаде за скромни осум милиони долари на Марк Хјуз, основачот на компанијата Хербалајф.

Хјуз починал пред да може да изгради нешто на оваа локација.

You May Also Like