Сплитски Хајдук прослави 100 години постоење

На 13-ти февруари 1911 година, официјално е основан фудбалски клуб на иницијатива на  четири сплитски студенти во Прага – Чешка (Фабијан Калитерна, Вјекослав Иванишевиќ, Луцијан Стела и Иван Шакиќ) потпомогнати од Владимир Шоре и професорот Јосип Барач, кој на клубот му го дава името Хајдук, кое и ден денес гордо го носи.

Првиот службен натпревар е одигран против локалниот  Калчо со победа на Хајдук од 9:0.

Се’ запре во 19:11 часот, како симболика на годината на формирањето на клубот 1911-та. Бродови крстареа по сплитското градско пристаниште, носејќи транспаренти на Хајдук. Додека ечеа бродските сирени, уште еднаш беа запалени факелите за прекрасна глетка каква што не се гледа секој ден.

Пољуд блеска
Пољуд блеска

На преполната градска „рива“ е приреден величествен огномет,а на концертот во чест на роденденот на Хајдук пееја Маријан Бан, Винко Цоце, Јасмин Ставрос и Младен Грдовиќ. Фештата се одвиваше во прав далматински стил со громогласно пеење и навивачки декор. Сите живи играчи на Хајдук беа учесници во парадата од 12 до14 часот, дружејќи се со граѓаните и навивачите на Хајдук, популарната Торцида.

Сплитската рива беше претесна за сите навивачи и пријатели на Хајдук, како и гостите кои пристигаа од сите страни на светот. Централното градско подрачје деновиве беше преоблечено во боите на Хајдук. Сплиќани се познати по оригиналноста во организирање вакви настани, но овој ги надмина сите досегашни. Сите срца чукаа ко едно – за Хајдук!

Нека му е среќен роденденот!


Torcida 100 godina Hajduka
Uploaded by alek_careca.

You May Also Like