Светски познатиот писател за деца Филип Пулман – автор на трилогијата „Темните материи“ (Северна Светлина… позната уште како “Златниот Компас“), го поистоветува начинот на кој се предаваат книгите во училиште со измачување. Тој смета, дека учителите „безболно“ ги кршат историите во обидот да протолкуваат „што сакал да каже авторот“ – пренесува The Telegraph.
Пулман (66), го изнесува тој коментар на предавањето за последната книга Grimm Tales for Young and Old, која е интерпретација на писателот за класичните приказни на Браќата Грим.
Факт е, дека учениците ги мразат книгите – кометира Пулман. Наместо да бидат прашувани за вистински одговори, на децата треба да им биде оставено време да уживаат во приказните и историите. Кога читаш книга, треба да ја почувствуваш магијата, дополнува авторот. „Треба да имаме многу книги и многу време за да бидат прочитани, а учителите треба да ги остават децата да се забавуваат со нив“.
Г-дин Пулман вели, дека има случаи кога дадена книга нема да биде доволно влијателна, иако е добра. Вистински да стане популарна 20-30 години покасно. „Во еден момент една книга може да создаде толку силен впечаток, што би сакале да не разговараме за неа. Зошто е многу важна за нас.“
Писателот мисли дека не треба да ги мачиме децата да ја откријат вистината за книгите. Ниту да бараме од книгите да ја откријат вистината за себе. Авторот го осознава ова од лично искуство. За романот The Ruby in the Smoke, кој го пишува во 1985 година, тој добил многу негативни коментари од децата, кои не ја прифатиле неговата книга. Тие ја доживуваат како нај-досадна на светот и се чудат зошто воопшто е напишана. Пулман коментира, дека тоа несака да се случи никогаш повеќе, а тоа ќе продолжи ако книгите не престанат да бидат „разделувани“ во барање на скриената смисла.
Авторот го споредува предавањето на литература со измачување на жив човек. „Кога измачуваш некој, не добиваш ништо корисно, само клише. Така е и со книгите, кога учителите под притисок на испитниот систем, се обидуваат да откријат „што имал во предвид авторот“.“
На премиерата на Grimm Tales for Young and Old, Пулман коментира уште дека ако имал власт, би им поклонил на сите училишта во Британија, примероци од приказните на Грим, Британски народни преданија од Катрин Бригс, колекција од Италијански народни приказни на Итало Калвино, како и Руски раскази на Александар Афанасиев.
Пулман ја завршува својата позиција со цитат на големиот Ајнштајн – „Ако сакате вашите деца да бидат интелигентни – читајте им приказни, а ако сакате да бидат по-интелигентни – читајте им повеќе приказни“.
Автор: Лазар Ѓорѓиевски