Актерот Кевин Харт ќе ги води Оскарите за 2019та

 Американскиот комичар Кевин Харт, ќе ја води церемонијата за доделување на наградите Оскар за 2019 година, соопшти актерот на Инстаграм.

Церемонијата ќе се емитува на Еј-Би-Си на 24 февруари.

Исклучително се радувам да кажам дека конечно дојде и мојот ред да го водам доделувањето на Оскарите. Да се ​​приклучам кон легендарниот список на водители на таа сцена е нешто неверојатно, напиша Харт неколку часа откако списанието „Холивуд репортер“ објави статија во која наведе дека водител на Оскарите е најмалку посакуваната работа во Холивуд.

Американската академија за филм, која ги доделува наградите, ја потврди на Твитер одлуката за Харт и истакна дека многу се радува на реакцијата на 39-годишниот актер.

Вообичаено, името на водителот на церемонијата го објавува самата Академија.

You May Also Like