Раѓање на пат, можеби не е нешто невообичаено, но да родиш близнаци на две различни магистрали – тоа навистина е нешто уникатно. Такви се коментарите на медиумите во врска со случајот на Шивон Андерсон од Лонг Ајленд, која на 28 јули 2012 роди две момчиња, на пат кон болницата, притоа на две различни магистрали.
Пред камерите на Еј Би Си, самата Шивон која планирала да се породи навреме, споделува дека е потресена од раѓањето. Таа и двете момчиња, се добро. По тој повод Huffington Post, објави список на нај-невообичаените места, за кои се знае, дека има случаи на породување. Според изданието, постојат многу уникатни случаи, слични на историјата на Шивон. Како пример се посочува Аманда Мекбрајди од Минесота, која во 2010 година родила додека возела сама кон болницата.
Друг познат случај датира од 2000 година, кога Софија Педро, која била во блажена состојба, морала да се качи на дрво, за да се спаси од поплава. Смелата жена, се држела за гранките додека се пораѓала со својата Розита. За среќа, спасувачката екипа од Јужна Африка, пристигнала веднаш и успеала да ја хоспитализира.
Од 2009 година датира случајот на Доминик Тревино која добила контракции, додека патувала со автобус кон болницата. За среќа во автобусот се нашло и медицинско лице, кое ја советувало да се симнат во бибилиотекaта покрај која поминувале во моментот. Само што се симнала од автобусот, биле доволни две стегања, за да ја роди ќерката, а нејзини помошници-акушери биле вработените во библиотеката.
Над 2000 лица пак, станале сведоци на раѓањето на Ненси Салгуеро, која тој момент го овековечила преку интернет лајфстрим. А врвката на бебето била пресечена од нејзиниот двегодишен син.
Во 2009 година Тифани Колс ,родила на зебрата (пешачкиот премин), на само неколку чекори пред влезот на болницата во Висконсин. За раѓањето на синот Келан и помогнале, една сестра и обезбедувањето на болницата.
Уметникот Марни Котак ,исто привлекла внимание со раѓањето, откако решила тоа да се случи во уметничката галерија во ЊуЈорк. Според неа, да даваш живот е највисоката форма на уметност, па затоа пред повеќе од 20 лица, во салата на галеријата, таа го родила бебето Ајакс.
Подготвил: Л.Ѓ.