Иако разводот со сопругот Бред Пит сè уште не е завршен, Анџелина Џоли, наводно, започнала врска со колега, со кого долги години биле пријатели. Се работи за познатиот глумец Џеред Лето (46).
Неименувани извори за американските таблоииди говорат дека тие двајца во последно време често се заедно, но причинна за тоа може да биде и тоа што Џеред ѝ понудил улога на Анџелина во негов нов филм.
Многу од обожавателите коментираат дека ова само покажува каков тип мажи сака глумицата, бидејќи Џеред во многу нешта наликува на Бред.