Зошто е сè толку скапо на Исланд?

Сè повеќе луѓе одлучуваат да ја посетат земјата на гејзери и вулкани Исланд, но повеќето од нив се враќаат од таму, без скршен денар…

Според „Исланд магазин“, потрошувачките цени на Исланд во просек се 66 отсто поголеми отколку во други делови на Европа, надминувајќи ги европските земји кои се окарактеризирани како скапи – Швајцарија, Норвешка и Данска.

Во главниот град на Исланд (Рејкјавик), претходно подготвен сендвич чини над 10 долари, додека еден чај (со бесплатна топла вода) чини околу четири долари. Оброк за двајца во ресторан се движи меѓу 80 и 100 долари, додека пиво во центарот на градот е 12 долари во текот на редовното работно време.

Што се однесува на тоа зошта таа земја е толку скапа, не постои единствено објаснување. Тоа е комбинација на политика, економија и географија.

Да почнеме од географијата

Со оглед на тоа дека Исланд речиси се допира до Арктичкиот круг, неговата клима не одговара за земјоделство. Постојат само неколку природни посеви и сезоната на раст е куса. Според извештајот на Европскиот конзорциум за политички истражувања (ПДФ), Исланѓаните во 2010 година произвеле 64,9 отсто од сопствената храна и пијалаци. Остатокот е увезен, а исто важи и за повеќето други добра.

Трошоците за увоз на тие производи – обично од Велика Британија, Германија, САД и Норвешка се пренесуваат на потрошувачите. На Исланд узвозните слатки и алкохол се испраќаат со дополнителен надомест за товар, а сите производи од пченица подлежат на релативно висока тарифа. Значи, лебот скапо чини.

Валутата на земјата, исто така, придонесува за високи трошоци. Во 2008 година Исланд беше погоден од финансиска криза во која три банки пропаднаа, а вредноста на националната валута, круната, се намали. Но земјата доживеа чудесно опоравување. Од 2009 година круната зајакна за неверојатни 40 отсто во однос на еврото, а 2017 беше сметана за најдобра валута во светот. Тоа доведе до намалување на куповната моќ на американскиот долар.

Даноците, исто така, ги зголемуваат трошоците. Како и повеќето земји, и Исланд има данок на додадена вредност или ДДВ. Самото ДДВ на Исланд изнесува 24 проценти, додека ДДВ за храна се пресметува по дисконтна стапка од 11 отсто.

Меѓутоа, иако даноците придонесуваат, тие сепак не се причина за високите цени на Исланд. Многу земји имаат слични, високи стапки на ДДВ, но не се толку скапи. Германија, на пример, има ДДВ од 19 отсто и 7 отсто ДДВ на храна, но има значително поевтини намирници. Исто така, важно е да се знае, како меѓународен посетител, дека може да се добие поврат на дел од ДДВ.

Наместо тоа, најголем придонес кон високите цени на Исланд претставува животниот стандард на земјата. На Исланд, просечниот приход пред оданочување изнесува околу 60.000 долари, со просечен приход од околу 47 илјади долари.

На Исланд, околу 92 проценти од работоспособното население е дел од синдикатот. Следствено на тоа, луѓето кои работат на работни места – кои во други земји би значеле работни места со ниски плати, заработуваат многу повеќе и уживаат повеќе бенефиции.

Минималната плата за поголемиот дел од индустријата изнесува 300.000 исландски круни или околу 2.500 американски долари. Што би значело дека тие се платени по 15 долари на час. Ни бидејќи вработените заработуваат повеќе, и купувачите плаќаат повеќе за стоката или услугата.

National Geographic

You May Also Like