Утре (среда, 11 октомври) во 17:00 часот, на паркингот пред СЦ „Борис Трајковски“ започнува тринаесеттото издание на фестивалот на виното – „ВиноСкоп“.
Покрај учеството на најдобрите македонски винарии и вкусни деликатеси, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во богата музичка програма. Секојдневно од 17:00- 19:00, ќе се одржуваат „афтер ворк“ забави со промотивни цени на виното, а од среда до сабота на фестивалот ќе настапат Пајак, Offchestra, Brass Brothers, Фолтин, Максимовски Јунајтед, Калата, Миле Кузмановски, Елена Ристеска, Нино Величковски, Сале Певац, Баклава, Дани Димтровска, Куку Леле, Алис ин Вондербенд, Љубојна, Дац и Александар и многу други изведувачи од различни музички жанрови, одлично вклопени во винската есенска приказна.
На „ВиноСкоп“ ќе има над 40 македонски винарии и гурманско катче, а влезот е бесплатен за сите посетители.