Интервју со претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) – академик Владо Камбовски.
Македонската академија на науките и уметностите е формирана во 1967 паралелно со возобнувањето на Македнската православна црква. Нејзин прв претседал е академик Блаже Конески, а во текот на нејзиното 45 годишно постоење на оваа позиција биле вкупно 9 академици. Во рамките на МАНУ фунцкионираат 5 научни центри и тоа Центар за генетско инженерство и биотехнологија, Центар за енергетика, информатика и материјали, Центар за ареална лингвистика и Центар за лексикографички истражувања, Центар за стратегиски истражувања и 5 научни оддели: Оддел за лингвистички и литературни науки, Оддел за социјални науки, Оддел за математички и технолошки науки, Оддел за биолошки и медицински науки и Оддел за уметност.
МАНУ е членка на CEN (Мрежата на академиите од централна и источна Европа) и SEEA (академии од југоисточна Европа), a досега има издадено околу 1.690 научни трудови од сите сфери на науката и уметностите.
Од декември минатата година претседател на МАНУ е академскиот професор и академик Владо Камбовски.
Девет месеци се наоѓате на позицијата претседател на МАНУ. Колкав е предизвикот да се биде и да се извршува оваа функција?
– МАНУ е највисока научна и уметничка институција, жариште на научно-истражувачката дејност. Таа е во тек со сите собитија во нашето општество, но нејзината дејност е далеку до тоа да се сведе на дневна политика. Што се однесува до претседателствувањето, тоа е еден навистина голем предизивк , еден доста сериозен и одговорен ангажман, така што јас сум само прв меѓу еднаквите и не би можел да ја извршувам таа должност без помошта од другите академици.
Академијата е како што велат многумина мозокот на едно општество и трага по одгооворот на сите актуелни прашања, но од научен аспект така што ние сме обрзани да ги следиме сите општесвени прашања и да бидеме во тек со најновите научни достигнувања.
Дали сметате дека секој академик може да ја извршува оваа функција или можеби се потребни посебни предиспозиции?
-Па нема некои посебни предуслови и секој академик може да биде претседател, но за оваа функција е поебен поголем ангажман и постојана присутност во Акамдемијата. А за тоа, само по себе се потребни посебни физички и организациски способности за тековно работење, финансиско раководење и решавање на административнитте прашања. Обично академиците во поодмината возраст обдиваат да се кандидираат, а можеби и ние во иднина ќе го примениме приниципот на ограничување на старосната граница за претседател како што е примерот во повеќе академии.
Да ве навратиме малку на вашите студентски денови. Дали некогаш очекувавте дека еден ден ќе станете академик?
– Тоа апсолутно не може да се планира. Но јас во текот на студентските денови одлучив да го студирам правото, а не само да го учам за испити. Исто не се ограничуивав само на испитната литератрура од 300 страни, туку читав и поширока литература и тоа не само правничка , туку и философски трудови, белетристика итн. Уште во тоа време се насочив кон научно истражувачката дејност, и оттогаш нема празни одови во мојот живот, нема ден а да не напишам нешто, така што кога ке дојдам до нови сознанија и моето задоволство е повеќекратно. А што се однесува до приемот во Академијата, во неа не може да се влезе со прескокнување, мора целосно да се изоди тој тежок пат на систематизирање на својата научна истражувачка дејност во повеќе трудови кои ќе бидат признати и сами по себе еден значаен придонес за сите во општеството.
Која беше темата на вашата докторска дисертација?
– Јас пишував на една многу ретка тематика на овие простори насловена ,,Несторување во правотo’’. Поконкрeтно, тоа се однесува не на она што сме го направиле, туку на она што сме изоставиле да го направиме, а според Законот сме биле должни.Tоа е повторна една философска правна тема во која употребив поголем квантум на знаење од правната наука, пред се од областа на кривичното право.
Во општеството постои став дека знаењето само по себе не е доволно, туку за вистинското знаење да се покаже на дело е потребна практична апликација.Кој е вашиот став околу ова прашање?
-Јас се согласувам дека правна наука сама за себе е ларпурлатизам. Секој правник треба да биде способен да понуди конкретен проект, изведбено решениеза клучните прашања од областа не правото во едно општество, а тоа се прашањата за вината, злосторстовоо, правдата, што е исправно во нашите постапки, а што не е, за да се спречат несакани последици од непознавањето на оваа област затоа што правото е неизоставен дел од нашето битисување, есенцијална нишка во секоја општествена сфера. Јас имав можност да ги докажам тие практични правнички способности додека бев министер за правда и директно учествував во повеќе проекти како што е пишувањето на Кривичниот законик 96тата, Законот за малоленичка правда, за антикорупциското работење итн.
Збор два околу вашето најново научно дело ,,Философија на правото”, за идејата и вашата цел со нејзиното публикување, бидејќи во вашето обраќање спомнавте дека сакате да поттикнете дискусија во јавноста за терминот право и неговото есенцијално значење за општеството и животот на секој човек поединечно.
-Токму така. Мојата намера беше да ја употребам философијата во функција на објаснување на правото иако не сум философ и речиси и да нема нефилософи кои пишувале филосија на некоја научна дисциплина освен Хегел.Јас имам пишувано за правото низ призмата на повеќе философски дисциплини како гносеологија, онтологија, аксиологија на правото користејќи ги сознанијата на големите правни тероретичари и философи и систематизирајќи ги во трудови кои ќе бидат значајни не само за стручната,туку и за пошироката јавност.
Кривичното право е вашата специјалност. Иако не сте философ како што напомена и академик Старделов во промотивната беседа за вашиот најнов труд , вие сепак ја користите философијата во функција на правото односно за да ја објаснете подобро правната наука бидејки како што истакна академик Старделов без философија на правото не може да се зборува за право. Ме интересира вашиот став, дали сметате дека вистинскиот стручњак треба да биде единствен и врвен во својата област со тоа што ќе се посвети само на неа или можеби да се надоградува и да се посвети на повеќе области од некоја научна дисциплина оддендаш.
-Па сигурно дека нема да му дадеме да оперира на општ лекар. Секој професионалец треба да настојува максимално да ги обновува своите знаења од областа која одлучил да ја студира за да потоа преку својата ангажираност го најде своето место во опшетсвото и да биде општествено корисна индививуа која ќе го потпомага општествениот прогрес. Затоа е потребно не само да се заврши основниот прв степен на студии, туку да има и такви кои ќе го продолжат своето студирање со што ќе специјализираат одредена област и ќе станат постручни во своето работење.
А на нас професорите останува да ги мотивираме младите истражувачи да продолжат со своето студирање и проширување на своите видици.
Која тема сметате дека е дефицитарна во поглед на научните трудови во нашата земја?
-Па многу малку е пишувано за философијата на правото. Во теков на моето работење на Правниот факутлет во Скопје јас успеав да имплементирам повеќе предмети како Медицинското право, Малолентичката правда итн. Но има уште многу теми за пишување на пример еколошкото право , а во тој контекст ние не преземаме ништо за заштита на животната средина.
Дали според вас, во Македонија има доволно големи умови и интелектуалци кои би се зафатиле со истражување и пишување токму на овие дефицитарни теми?
-Па денес, за разлика од времето кога студирав јас има многу повеќе професори и луѓе кои активно се имаат посветено на научната дејност.Тогаш имаше на пример еден професор по кривично право и со неговиот човечки капацитет не може да постигне да едуцира правници плус да истражува и да пишува научни трудови за теми кои се од круцијално значење за опстанокот и животот во едно општество.
Кои се вашите идни планови и проекти на научен план?
-Во моментов размислувам за повеќе прашања, и воопшто не ми е тешко постојано да бидам сконцентиран на тие теми се додека не дојдам до ново откритие или конкренто решение, но кога ќе дојде време да објавам нешто, јавноста ќе биде благовремено информирана.
Ивана Чичоска