Првото големо светско име за 2019-та година ќе биде TOM ODELL, кој доаѓа во Скопје, на 13- ти февруари 2019 година во СРЦ Кале.
Извонредниот млад кантавтор кој стана светски популарен со песната „Another Love“, во рамки на својата светска промотивна турнеја на втoриот албум насловен „Jubilee Road“ што излегува на 12 октомври, доаѓа во Скопје да испорача едно типично суперквалитетно британско шоу.
Сите детали околу влезниците ќе бидат објавени утревечер во 21 часот.