Промоција на „Идиотски приказни“ со танцов перформанс

Клуб Матица организира промоција на книгата на младата и перспективна авторка Ксенија Николова со наслов „Идиотски приказни”, која ќе биде надополнета со одлична музичка програма и танцов перформанс.

Сите присутни ќе имаат можност да се дружат со авторката, која воедно ќе потпишува примероци од своето дело.
Дополнително, настанот ќе биде збогатен со танцова програма која ќе биде навистина уникатен начин на спојување на танцот и книгата. За крај, одговорен за музичката програма ќе биде Иван Иванов кој ќе има свој сет на Булеварот на Книгите.

Настанот е закажан за утре (вторник, 8 јули 2014) пред продажниот салон на Клуб Матица на бул.Климент Охридски, со почеток во 19:30 часот и ќе трае се до 21:30 часот.

You May Also Like