Хип-хоп поетри слем

По повод 40-годишнината од првата хип-хоп песна („Rapper’s Delight“ изведена од The Sugar Hill Gang во 1979 година) и скоро полувековното постоење на хип-хоп културата, Хип Хоп Македонија го организира хип-хоп петри слемот HIP HOP MACEDONIA POETRY SLAM Фест кој ќе се одржи на 14 мај (вторник), 19 часот, во Дом на градежниците „Кочо Рацин“ (сутерен) во Скопје.

На овој фестивал учество ќе земат хип-хоперите: Профо (Славчо Ковилоски), С.А.М. (Никола Трпески), Мартикс (Мартин Милев), Кацар (Александар Кацарски), Нешо (Ненад Ставровски), Братот Алек (Александар Ковилоски), како и слемерите Елена Пренџова, Марија Грубор и Цвета Колева.

Покрај нив, предвиден е и „отворен микрофон (Open mic) на кој сите заинтересирани своето учество за настап ќе можат да го најават пред почетокот на слемот.

Поетри слемот е уметнички перформанс на кој учесниците преку рецитал и игра со зборови експлицитно објаснуваат за одредена тема блиска до нивниот начин и стил на живот.

Во хип-хоп круговите во САД и во некои европски земји овој перформанс е доведен до совршенство и често овие настани се дефинираат како израз на „вистинската хип-хоп култура“. Влезот е бесплатен.

You May Also Like