Утре вечер (петок, 22 февруари) во Бифе Фросина, при Младинскиот културен центар (МКЦ), премиерно ќе може да го чуете албумот и да го погледнете првото видео на Furion.
Деби албумот на FURION “Thrashing Folks”е во издание на DIEHARD RECORDS. Промоцијата започнува во 21:30 часот и влезот ќе биде бесплатен.
Албумот ќе се продава промотивно по цена од 200 денари. Дојдете, купете албум, поддржете ги Македонските групи и локалната сцена.