Денеска (19 април, петок), со почеток во 21:00 часот, во просториите на Младинскиот Културен Центар во Дансинг салата ќе се одржи авторски концерт на Александар Пејовски насловен “Фиром реквием”.
Концертот претставува праизведба на 4 нови композиции на Александар Пејовски, напишани за: женски хор, гудачки оркестар, пијано, органа, харфа, челеста и лента.
Програма:
1. Одбројување
2. Ерга Омнес
3.Транс Фиром Експрес
4.Миса Бревис- во сеќавање на Хенрик Миколај
Концертот претставува музичко-идеолошки омаж на американскиот и источноевропскиот минимализам од седумдесетите години на минатиот век. Истиот ќе биде во изведба на: Женскиот младински хор- МКЦ, камерен оркестар и трака, а под диригентската палка на Сашо Татарчевски.
Влезот е слободен.