Утре (понеделник, 30 јули) во 20:30 часот пред спомен-куќата на Мајка Тереза, концерт ќе одржи групата „Кабадајас“.
„Кабадајас“ е група составена од четворица музичари, пријатели кои преку овој состав ги искажуваат своите музички афинитетит и авторските размислувања на свој, оригинален начин.
„Кабадајас“ се:Џоле Максимовски, Дино Милосављевиќ, Зоран Костадиновски и Горан Бојчевски.
Инспирацијата за своите композиции ја земаат од модерните текови на светската музичка сцена, традиционалните мелодични и ритмични изрази на македонската музика, како и од големото искуство кое го имаат како поединци на голем број европски и светски збиднувања, фестивали и концерти.
„Кабадајас“ по неколку настапи во Македонија во 2012 го снимија и својот прв албум „Кабадајас во Висбаден“.