Целовечерно шизење на „Engage the night”

Младински образовен форум (МОФ) и Радио МОФ го најавуваат “ENGAGE the NIGHT”, музички, електронски, фанк и техно собир со кој започнува одбележувањето на 15-годишен јубилеј на организацијата и со кој ќе биде затворен овогодинешното издание на конференцијата за друштвен активизам, ENGAGE.

Oд МОФ велат „Токму затоа после 10-годишна пауза, повторно го враќаме шизењето во старото летно диско МНТ (летната сцена на МОБ). Журката ќе започне во 22.30 часот (сабота, 14.06.2014), а ќе трае до раните утрински часови. Дојдете за последен пат да се испратиме од оваа стара скопска дискотека.

Организаторите, Младински образовен форум и Радио МОФ ги најавуваат локалните ѕвезди кои под отворено небо ќе ја разбудат скопската публика: Samoil Radinski, Goran Kan, Mirko Popov, Flooder, Vaso.

Белите ѕидови на летното диско во МНТ пак со своите визуелизации ќе ја обојат Lazy Kidz Visualz.

Целта на настанот е да ги промовира локалните артисти, како и да ја потсети публиката што значи да се забавуваш до утринските часови. МОФ по повод својот јубилеј сака да го почести ноќниот живот со 7 часовна журка која нема да ги поштеди вашите нозе. Затоа не заборавајте да земете удобни чевли и дојдете заедно да почнеме со прославата на 15 години слободна младинска критичка мисла.

Влезници за настанот може да се набават на влезот по цена од 100 денари. Влезот во летното диско е од подземниот паркинг, кај стариот Зегин“.

You May Also Like