Во велешката црква „Св. Вмч Пантелејмон“ настапи словенечкиот октет Десетти брат

Синоќа во црквата „Св. Вмч Пантелејмон“ во Велес настапи словенечкиот октет Десетти брат …

Во рамки на македонската турнеја синоќа во црквата „Св. Великомаченик Пантелејмон“ во Велес целовечерен концерт одржа словенечкиот Октет Десетти брат.

– Нивниот репертоар се заснива на словеначката народна песна, која има посебно место патриотската и љубовната содржина. Посебно сакаат да ги пеат песните од православната литургија, како и модерните песни од словеначки и странски автори. Октетот Десети брат има и голем репертоар од религиозна програма која се состои од литургиски, Божиќни и Велигденски песми,а со кои во голем дел настапија на синоќешниот концерт во Велес појасни актерката Весна Димитрова Бобевски, која го организира концертот во соработка со Словенечкото друштво „Франце Прешерн“ од Скопје.

Октетот Десети брат почнал со работа во далечната 1980 година како Чрнушки октет. Октет кој во почетокот бил составен од млади студенти, а покасно од се позрели пеачи. Октетот Десети брат имал концерти низ цела бивша Југославија, исто така настапи во Франција, Белгија, Германија, Италија, Австрија, Холандија и во Русија. Словенчката песна ја пренеле двапати во САД, трипати во Аргентина, а исто така биле во Канада и Австралија. Учествувале на неколку меѓународни натпревари во и надвор од Словенија и на тие настапи достигнувале врвни резултати. Најголем успех постигнале кога го освоиле златниот медал на натпреварот што се одржал во Линделхолцхаус во близина на Лимбург во Германија.

За време на 34 годишно постоење на октетот се издадени 10 касети и плочи. Многупати биле гости на РТВ СЛО. Уметнички директор на Октетот Десетти брат е Миливој Шурбек,познат словенечки диригент и професор на Академијата за музичка уметност.

You May Also Like