Концерт на Sex Jams и Ego Disco во МКЦ

Денеска (петок, 22 март, 2013) со почеток од 22:00 часот, во Кафе МКЦ ќе се одржи концерт на Sex Jams и Ego Disco.

Sex Jams доаѓаат директно од виенската вибрантна DIY андерграунд музичка сцена, кои со себе носат возбудлив настап во живо преполн со експлозии од чист поп и пренагласен нојз звук способен да ја разоружа и најотпорната публика.

Нивниот најнов албум, Trouble,Honey (2013) пакува разигран панк рок ритам со уредно вклопени амбиентални пејсажни звуци. Оваа плоча се чини како одлично да ја комбинира поп леснотијата на Блонди заедно со звучната “неуредност” на Dinosaur Jr. во нивните најдобри денови. Никогаш претходно анархистичката “smash-the-state” искреност не била толку перфектно измешана со продирачки соул и дрим поп. Sex Jams се дефинитивно сила на природата која нема да може да ја одбегнете во претстоечката 2013.

Ego Disco (Скопје, Македонија)
Иако претходеа разни облици и обиди за составување на бенд со слична идеја, Его Диско во овој состав постои од пролета 2010 година со постојано место за проби во Влае. Под влијание на различни артисти и како резултат на музичко созревање бендот промени повеќе стилови и тој процес сеуште неможе да го карактеризираме како затворен.
Во Април/Мај успешно е реализирано и првото Демо пред се благодарение на Михаил Намичев (22 Records) со кого е планиран посериозен проект за следната есен.  Песните содржани во демото се достапни за даунлоуд на следниот линк: http://www.sendspace.com/file/rrd49b

 

You May Also Like