Еден од цртачите на Загор – гостин на Стрип салонот во Велес

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес овој викенд ќе го организира традиционалниот 10-ти по ред Меѓународен салон на стрип. Оваа година  специјален гостин на македонските стрип автори и публика ќе биде Мауро Лоренти, реномиран стрип автор од издавачката куќа БОНЕЛИ. Лоренти е познат како еден од авторите којшто го црта легендарниот Загор.

Освен нив на овој Салон како специјални гости ќе присуствуваат Сибила и Иван Коритареви од Бугарија, потоа Срѓан Николиќ-Пека  од Лесковац Србија, Гани Сундури од Косово и бројни повеќе или помалку познати автори од Македонија.

На салонот ќе се доделат и наградите од  меѓународниот конкурс за стрип.
Оваа година на него земаа учество (рекордни досега ) 138 стрипови од 26 земји, а за одбележување е и бројката од  53 автори-учесници од Македонија.

Традиционално се доделува и Признанието за развој и афирмација на македонскиот стрип ,за оваа година добитници на ова признание се:

А) Киро Донев -беше долгогодишен уредник на списанието „Наш свет“(од 1963 до деведесетите години.)  Ова е период кога списанието „Наш свет“ има објавено најголем број на страници на стрип во изданијата за деца и млади во Македонија, воопшто.

б) Редакцијата „Детска радост“ уште од 1960 год. успешно го промовира стрипот преку своите сегашни и поранешни изданија: Наш свет, Развигор, Другарче, Историска епопеја, Макстрип.

You May Also Like