Гитаристот Миле Каровски во живо во Гевгелија

Љубителите на класичната гитара од Гевгелија, имаа несекојдневна можност, во петокот навечер, да присуствуваат на концертот на младиот гитарист Миле Каровски од Кавадарци.

Холот на Пионерскиот дом се покажа како прекрасно место за музичката средба на Каровски со неговите обожаватели. Уште првата композиција на Чезаре Негри – Синџирот на љубовта, со која Миле Каровски го започна својот концерт, наговести дека од под прстите на овој млад и надарен гитарист , ќе потече синџир на теми кои ќе ги остави без здив присутните на концертот.

Делата на Бах, Паганини, Албениз, Мерлин и Балкански, изведени на гитарата на Каровски прозвучија со еден поинаков музички колорит, потврдувајки го мислењето на повеќемина музички стручњаци, дека се работи за извонредно талентиран гитарист. Инаку, Миле Каровски е роден 1987 година, дипломирал во Софија, класична гитара, учествувал на повеќе фестивали и меѓународни натпревари каде освојувал многубројни награди. Концертот во Гевгелија беше во рамките на манифестацијата Гевгелија – град на културата.

 

You May Also Like