Богата музичка програма на Охридскиот вино фест

Уште само неколку дена од почетокот на второто издание на винскиот фестивал во Охрид, кој ќе се оддржи на 22, 23, 24 јуни.

Богата музичка програма со македонски музички артисти е тоа што ќе го дополни уживањето во дегустацијата на македонските вина и вкусната храна.

На отварањето на фестивалот во четврток на сцената ќе ги видиме Баклава, Миле Кузмановски и Куку Леле.

Во петок Брас Брадрс, охридските рокери Бекдор Бенд и Лугер, како и легендарните Нокаут, а на последниот ден во сабота Александар Јосифовски, Фиц енд д инвизиблс (Студени нозе грејтест хитс) и Фанк Шуи.

Сите денови настанот ќе го отвара диџеј РУТБОЈ СЕЛЕКТОР од 18:00 часот, а бендовите ќе ги забавуваат гостите до 01:00 часот.

Сo оваа програма организаторот ќе ги задоволи различните вкусови на сите посетители,  за да во позитивна атмосфера се дегустира убаво вино.

Целта е овој фестивал да стане традиционален и да ја дополни и така богатата културна програма на Охрид.

You May Also Like