По повод 4-тиот роденден на промотерскиот тим Битнекс, во клубот Хард Рок на 18 март 2011 година (петок), ќе гостува косовскиот диџеј и промотер Генти.
Генти е еден од двигателите на клубската сцена во Косово, кој има зад себе бројни забави и настапи со многу познати имиња од клубскиот свет. Живеејќи во Њујорк основа промотерска агенција со која организира разни настани на неколку локации и така се здобива со популарност која ке ја искористи по враќањето во Косово. Во 2006 година заедно со роднина го отвораат клубот Spray во Приштина, каде што почнува бранот на гостувања на познати Диџеи.
Генти има настапувано со повеќето од диџеите кои го посетиле Косово меѓу кои: LeeBurridge, Terry Francis, Eddie Richards, Francis Haris, Dave Mothersole, Johnny D, Jimmy Van M, Oxia, Luke Fair, M.A.N.D.Y, DJ Fex, Chaim, Anja Schneider, Hernan Cattaneo и многу други.
Генти во Македонија доаѓа по неговото гостување во Базел, едно од многуте негови дестинации каде што пушта музика.
Како домашна подршка ке настапат диџеите од Битнекс: Кинџо, Аргеади и Танимед.
п.с. Првите двајца кои ќе остават коментар на страницата со име и презиме, ќе добијат по две влезници за овој настан. Пишете ни и бидете дел од овој настан. поздрав од редакцијата на cOoLTuRa.mk