Групите „Архангел“ и „ Галија“, како и познати диџеи ќе бидат дел од програмата на Вевчанскиот карневал што ќе се одржи од 12 до 14 јануари 2019, во Вевчани.
На 12 јануари предвидено е културно уметничка работилница и настап на македонската рок група „Архангел“ и српска „Галија“, а во ноќните часови присутните ќе ги забавува познат ди – џеј
На Стара Нова година вевчанци и посетителите ќе ги забавуваат „Кате и Нели ти реков“, „Баклава“, „Џубокс бенд“ и оркестар со зурли и тапани.
Карневалот е вековна традиција во Вевчани, а вевчанци ќе кажат се, но до карневалското дефиле маските ги чуваат во тајност.
Карневалот почнува со традиционално карневалско дефиле под маски напладне на 13 јануари, а следниот ден маските се палат во центарот на Вевчани, со што завршува манифестацијата.