Не, Македонија НЕМА интелектуалци. Барем таков впечаток се остава на прв поглед… Поточно има, но многу малку, и тие се млади или во свои средни години. Меѓу повозрасните скоро ич. И тие кои беа, замолчија и се интегрираа низ годините во општественото сивило.
Ги нема на медиумите, тие се само на социјалните мрежи или затворени самите во себе. Нападнати се од ботови и медиокритети, материјално обезличени и ставени во позиција на дневна основа да црнчат за просечен живот. Маната им е што се големи во духот, што знаат како треба, а како не и што не се потчинуваат.
Нив ги нема во извршната власт, во парламентот, градските совети… тие се заглавени и ограничени во некоја административна, научна или културна установа каде вегетираат или се снаоѓаат фриленсерски. Ставот нивен е битен само ако еден политички субјект сака да го искористи против друг.
Без интелектуалци, нема напред. Ова што го гледате на телевизија како интелектуална дебата е смешно, а ви се наметнува како некаква интелигенција е просечно, надминато, веќе видено или личен маркетинг на остроумни луѓе, мотивирано од некаква си тезгичка. И самите не веруваат во тоа кое што го зборуваат.
Како пример за јавно говорење, јавно обраќање и трезвена интелектуална мисла ви го нудам Ибрам Кенди.
Проследете го и се ќе ви биде јасно. Кон ова треба да се стремиме.
Ibram Kendi – Are You An Intellectual?
Ibram Kendi breaks down what it really means to be the smartest person in the room. For more information: Antiracist Research and Policy Center at American University
Posted by The Daily Goalcast on Monday, July 16, 2018
Александар Ристевски