Што содржат книгите Зборник за Овче Поле – книга прва и Зборник за Овче Поле – книга втора?
Зборник за Овче Поле – книга прва им овозможува на читателите преку три поглавја со различен вид на содржина да се запознаат со големата Овчеполска котлина. Првата глава содржи историски текстови од Лазар Серафимов, втората исечоци од новинарски написи од Ристо Гонев, а во третата глава од книгата има записи од Никола Ристевски. Оваа книга е прв Зборник за Овчеполието од ваков вид од кој јавноста може да дознае многу податоци и информации за кои ретко се зборувало досега.
Зборник за Овче Поле – книга втора содржи автентични извори на литература во кои се споменува големото Овчеполие, пишувани на неколку јазици. 32 наслови на над 200 страници со податоци, факти и информации за Овчеполската Котлина. Од патеписите на Евлија Челеби и Јеротие Рачанин, преку бугарските и српските книги од крајот на 19 и почетокот на 20 век во кои се споменува Овче Поле, до избор од научните трудови на Јован Трифуноски, со овој Зборник можете да се запознаете со древниот Овчеполскиот регион директно преку страниците на старите книги.
Книгите се печатени во А4 формат за да ја задржат автентичноста на старите текстови и фототипните страници.
Можат да се порачаат со порака преку www.facebook.com/zbornikzaovcepole или www.nikolaristevski.com.
Зборник за Овче Поле – книга прва – 600 денари
Зборник за Овче Поле – книга втора – 600 денари
Испораката е бесплатна преку пошта, а доколку сакате брза „карго“ испорака трошоците се ваши.
Сите заинтересирани за книгите можат да добијат комплет од Зборник за Овче Поле – книга прва и Зборник за Овче Поле – книга втора за 1000 денари. Со купување на овие книги поддржувате огромен научен проект за Овчеполската котлина.