La Colonie Volvоx со акустичен концерт во МКЦ

Во четврток (18 април) акустична трубадурска вечер на La Colonie Volvox во Младинскиот културен центар (МКЦ) со почеток во 21:30 часот.

Ќе се служат врвни музички специјалитети од медитеранската кујна, сервирани на сцена од страна на Сашо Гигов – Гиш, Калина Велковска, Предраг Икономовски, Драган Стојковски, Гоце Наумов и Ненад Неделков, со сесрдна помош околу арапскиот дел од гозбата, приготвен на персиски начин од страна на Џевад Али. Билетите за оваа музичkо уживање на La Colonie Volvox се по цена од 100 денари, и се во продажба на билетарата во МКЦ, се вели на настанот на нивната фејсбук страница.

You May Also Like